Милионски приходи, а нула вработени? Финансиските податоци за ИРЛ отвораат сериозни прашања
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
05.05.2026
04.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
05.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
05.05.2026
04.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Јапонскиот автомобилски гигант „Нисан“ денес објави дека го продава своето седиште во Јокохама за околу 540 милиони евра, но дека подоцна ќе го земе под закуп, како дел од стратегијата за стабилизирање на финансиската состојба.
Од компанијата наведуваат дека потегот е дел од планот за „дисциплиниран пристап кон капиталната ефикасност“, со цел да се активира вредноста на неосновните средства и да се обезбеди финансиска поддршка во предизвикувачкиот период.
Во исто време, „Нисан“ пријави загуба од 1,2 милијарди евра во првите два квартала, што е драматичен пад во споредба со истиот период минатата година, кога оствари добивка од околу 100 милиони евра.
Компанијата најави дека ќе отпушти околу 20.000 вработени, што претставува 15 проценти од вкупната работна сила на „Нисан“ ширум светот. Паралелно, се затвора и главната фабрика во Јапонија, како дел од процесот на преструктурирање.
Јапонската автомобилска индустрија, во целина, се соочува со сериозни проблеми поради новите царини наметнати од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, што доведе до зголемени трошоци и намалена конкурентност на глобалните пазари.
Од март до септември, вкупната продажба на „Нисан“ падна за речиси 7 проценти, достигнувајќи 31 милијарда евра.
Компанијата соопшти дека глобалната продажба на возила е во пад, особено во Јапонија, но дека пазарите во Кина и САД покажуваат знаци на закрепнување.
„Работиме на нови модели кои ќе ја зголемат конкурентноста и продажбата во наредниот период“, стои во соопштението.
Новото раководство на компанијата, предводено од извршниот директор Иван Еспиноза, кој ја презеде функцијата на почетокот на годината, најавува дека фокусот во наредниот период ќе биде ставен на враќање на профитабилноста и обновување на довербата во брендот „Нисан“.
„Се наоѓаме во фаза на трансформација. Ова е момент на дисциплина и визија, а не на паника“, изјави Еспиноза.
Компанијата се бори да ја врати стабилноста уште од скандалот со поранешниот извршен директор Карлос Гон, кој беше обвинет за финансиски неправилности. Новите загуби и масовните отпуштања го потврдуваат фактот дека „Нисан“ се наоѓа во најдлабоката финансиска криза во последната деценија.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Луфтханза откажа 20.000 кратки лета. Истанбул и Минхен паѓаат. А Македонци, Срби и Албанци планирале лето дома - сега со...
Брент падна на 108 долари по најавите за можен договор. Но ако веќе утре потпишат - кога нашите пумпи ќе...
Алгоритам кој скенира фотографии и ги мери коскените пропорции за да процени дали си помлад од 13 - тоа е...
Peter Sarlin собра 25 милиони евра во ангелски круг, без венчер фондови, со јасна порака - не сакаме американски капитал....
Германскиот SAP оди агресивно во AI трката - купи берлински стартап и ќе вложи 1 милијарда евра во наредните четири...
200-300 евра дополнителен годишен трошок за просечно семејство со една кола. Стратешки резерви постојат - но активирањето е политичко признание...
Гувернерот на Грчката централна банка Стоурнарас зборува за „инфлациски шокови споредливи со пост-COVID“. Балканот живее во режим на постојано адаптирање,...
5.8 милијарди пакети влегле во ЕУ - пораст од 26 проценти. Цените за европскиот купувач ќе скокнат 15-30 проценти. Балканот...
„Однапред пополнето“ не значи „точно“. Одговорноста за грешки паѓа на граѓанинот. И за многумина - 30 страници со кодови се...
Американската влада ги предупредува сите федерални агенции да закрпат до 15 мај. Дата центри, банки, јавна администрација - сите се...