Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Невремето што го погоди Штип помина пред околу една недела. Ветер од 134 километри на час го однесе покривот на Клиничката болница. Денес, речиси десет дена подоцна, покривот сè уште е оштетен, а на болницата ѝ се преземени само привремени мерки за заштита од нови врнежи.
Заменик-директорката на болницата, Билјана Ефтимова, вели дека прелиминарната проценка на штетата се движи во неколку милиони денари. Точната бројка сè уште не е позната – се чека извештај од осигурителната компанија.
Најпогодени се одделенијата на најгорните катови
Штетата не е козметичка. Најсериозно е оштетен покривот и третиот кат, каде што се сместени ортопедските одделенија и интензивната нега. Односно, оние места во болницата каде што лежат пациенти кои најмалку можат да бидат преместени во случај на протекување.
Досегашните санации се делумни. Трајното решение бара целосна замена и реконструкција на оштетените делови. До тогаш – секој нов дожд е ризик за одделенијата на најгорните катови.
Проектна документација наместо покрив
Раководството на болницата подготвува проектна документација и финансиска процена, со цел да побара помош од Министерството за здравство и од Владата. Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети болницата и вети дека министерството ќе ја следи состојбата и ќе одвои буџетски средства за навремена санација, за да се вратат ортопедските услуги.
„Навремена санација.” Зборот е убав. Но десет дена по невремето, она што постои на терен е проектна документација во изработка, чекање на извештај од осигурителна компанија и ветување дека ќе се следи состојбата.
Тука не станува збор за инвестиција што бара студија за оправданост. Станува збор за покрив на болница. Кога проектната документација стигне пред буџетот, кога буџетот стигне до тендер, а тендерот до изведувач – колку врнежи ќе поминат преку тие одделенија?
Ефтимова беше прецизна: штетата дефинитивно ќе биде во милиони денари, што е сигурно многу. Прашањето кое останува во воздух е дали ќе се плати само покривот – или и цената на одложувањето.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.