Собранието двапати ја одби електронската нараквица за насилниците, сега граѓаните собираат 10.000 потписи
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
07.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Август е месецот кога гардеробата останува без идеи. Сè што било ново во јуни е веќе износено, а да се купува нешто ново пред есен нема логика. Токму затоа стилистите оваа сезона се вратија на најстариот шаблон што постои – линиите.
Панталоните на линии функционираат од проста причина: шарата ја работи работата наместо тебе. Не бараат ниту накит, ниту скапа горна половина, ниту размислување. Со бела кошула се канцелариски, со патики се плажни, со сандали се вечерни. Едно парче, три сосема различни ситуации.
Комбинациите што кружат ова лето се предвидливи, но функционираат. Со сламен шешир добиваат средоземен призвук. Со елек во јака боја одеднаш звучат португласки и посериозно отколку што чинат. Со романтична блуза со извезени детали и надуени ракави одат на вечера. Со шарени патики стануваат речиси пижама-естетика, што звучи како навреда додека не се види колку е удобно. А со класична бела кошула се она што може да се носи трипати месечно и никој да не забележи.
Две работи вреди да се знаат пред купување. Првата е дека дијагоналната шара визуелно ја издолжува фигурата посилно од вертикалната, што е трик постар од сите инстаграм профили заедно. Втората е шамијата околу половината – оваа сезона го зазема местото на каишот и, покрај тоа што е поудобна, дозволува мешање на две шари без да изгледа како грешка.
Има и верзија со шљокици, за оние што сакаат линии но не сакаат да изгледаат смирено. Начинот да не заврши тоа како костим е едноставен: се носат со бела маица или машки крој кошула, дење, и никогаш не се третираат како свечено парче.
Она што вреди да се каже без замотување е дека ниту едно од овие комбинирања не бара нова набавка. Панталони на линии има во речиси секој ормар од претходните три лета, бидејќи шарата се враќа во циклуси и индустријата тоа го знае подобро од нас. Разликата помеѓу „изнесено” и „трендовски” оваа сезона е буквално една шамија врзана околу половината.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Наместо ретроспектива на дизајнерот отпуштен од Dior во 2011 година, Институтот за костими ќе ги слави основните парчиња од гардеробата....
Решавачка не е годината, туку процентот седи: со 50 до 60 отсто резултатот е најрамномерен. Фабиола Мартинез веќе ја пробала,...
Ана Падиља се омажи со кружен букет од бели кали што се носи на рака како накит. Тренд за невести...
На 28 ноември Париз повторно ги претставува дебитантките. Бабината модна куќа лани ја облече братучетката, а сега прашањето е дали...
Фризурата што во 1976 ја смисли за Џоана Ламли му ја обележа кариерата, а неговото име стана марка на рафтовите...
Се венчаа по љубов, прво во Стокхолм, па шест дена подоцна во Брисел. Девет години подоцна Астрид загина во сообраќајна...
Кралицата ја остави западната висока мода и облече традиционално кадифе од Карак, градот каде што девет луѓе загинаа во напад...
Најсилниот трик на CFDA 2026 речиси не чини ништо: руменило нанесено нагоре кон слепоочниците. Деми Мур на 63 години го...
Кира Најтли својот свадбен фустан го носела и пред и по свадбата, а Ема Стоун фустанот од свадбената забава го...
Од маицата со логото на Flash Gordon што сам го нацрта до плаштот од кадифе и хермелин по крунисувањето на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.