Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Полица претрупана со книги. Комода со семејни фотографии. Долап во кој се мешаат чинии од три различни сервиси. Масичка за кафе што никогаш не е сосема празна. До неодамна тоа беше нешто што се кријеше кога доаѓаат гости. Сега има име и цела теорија зад себе.
Терминот е „purposeful clutter“ – намерен неред. Името е лошо избрано и лесно се разбира погрешно, па вреди веднаш да се расчисти што не е. Не е трупање без ред. Не е ни максимализам – максимализмот бара изобилство преку боја, шара, текстура и мешање стилови. Ова е за предметите и приказната зад нив. Соба со бели ѕидови, едноставен мебел и неутрални тонови совршено се вклопува.

Витрината повторно има смисла. Чинии, чаши, чинијки и здели престануваат да бидат само функција. И најдоброто: не мора сè да биде од ист сервис. Комбинација од мазни и шарени парчиња, чаши со различни форми, послужавници од различни времиња – тоа дава посебен резултат. Само повтори некоја боја или материјал за да се врзат меѓу себе, за да не изгледаат како да се купени одеднаш.
Она што треба да се избегне е ефектот на излог. Некои полици може да бидат полни, други да дишат. Купче чинии до наведнат послужавник, неколку шолји покрај керамика – тоа ја разбива правилноста и дава впечаток на збирка што растела со години, а не на нарачка од еден ден.
Во кујната практичното веќе е декорација. Дрвени даски потпрени на ѕид, кошничка со крпи, неколку готвачки книги, керамичко бокалче, аван. Не мора да влезат во шкаф – некои алатки имаат доволно присуство за да бидат дел од амбиентот. Но избирај: работната површина не смее да се задуши. Групирај по функција или големина – маслата и зачините на послужавник, текстилот во кошница, книгите и керамиката на една полица.
Сликите не мора да бидат во мрежа. Фотографии, графики, цртежи, мали огледала, дури и керамички чинии може да делат ист ѕид без да формираат правилна решетка. Формулата што секогаш успева: тргни од едно поголемо дело и распореди го останатото околу него. Врската меѓу парчињата не мора да биде очигледна – иста рамка, боја што се повторува, или сличен однос на големини е доволно.

Библиотеката не е само за книги. Ако сакаш полицата да изгледа лично, скрши го редот на ‘рбетите со рамки, мали скулптури, растенија, спомени. И овде правилото се превртува – немој да групираш по видови. Мешај. Неколку книги исправени може да делат полица со керамика, водорамно купче служи како постамент за мала скулптура, фотографија се потпира зад предмет.
Софата треба да изгледа како да се седело на неа. Кога перниците се распоредени милиметарски, не ти се седнува. Различни големини, ткаенини и шари, ставени без видлив ред, го прават спротивното. Не треба многу бои – два или три тона се доволни. Внимавај на пропорциите: голема квадратна перница зад, правоаголна пред и некое помало парче создаваат длабочина.
Детската соба е местото каде ова и онака се случува. Обидот сè да исчезне до крајот на денот е речиси невозможна мисија. Сликовниците, цртежите, играчките, коцките. Наместо борба, нека станат дел од собата. Но секој предмет треба свое место: полица на нивна висина за омилените книги, закачалки на ѕид, кошници за играчките, низок мебел за она што најмногу го користат.
Масичките повторно смеат да се користат. Книга, списание, послужавник, свеќа. Масата за кафе или помошната покрај софата не мора да остане сосема празна кога ќе го средиш дневниот престој – доволно е да остане место за шолја, за таблет или за далечинскиот. Истото важи и за ноќната масичка: недочитана книга, очила, телефон. Нема причина сè да исчезне во фиока. Само разликувај што навистина припаѓа таму од она што само чека да го тргнеш – кабли, полначи, крема за раце.
И последното, кое всушност е целата поента: не мора сè да се сложува. Наместо сè да припаѓа на иста колекција или на еден стил, смислата е во спојување работи што ти се допаѓаат иако доаѓаат од различни моменти. Резултатот помалку личи на комплет купен одеднаш, а повеќе на дом граден со време. А точно така отсекогаш изгледале балканските куќи – долап со сервис што никој не го комплетирал, слика од дедо покрај нешто донесено од пат. Годините кога тоа се сметаше за неуредно завршија. Сега е тренд со англиско име.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Конзола по мерка, пресвлечени фотелји и тапет ставен како уметност. Најскапото нешто во станот е решението да се задржи она...
Со години правилото беше сè во неутрално и сè од иста колекција. Резултатот е дневна соба што изгледа како каталог...
Две врати меѓу дневната и спалната. Тоа е целата математика, и тоа е она што го губиш кога ќе падне...
Кујна во своја соба, дневна одвоена, трпезарија трета, и меѓу нив ходници. Архитектот урна прегради и доби простор што претходно...
Ентериерните дизајнери имаат една формула за да не заврши домот ниту како каталог ниту како склад. Не бара реновирање, ниту...
Заборавен стан во Позилипо, две бои земени од рибарските бродови и лимоните надвор, и мебел во кој ништо нема само...
Триста квадрати, четири соби и една одлука што ја диктираше секоја следна: погледот кон водата.
Двојна висина, персиски килим под хромот и полица за книги под прозорецот. Три решенија со сосема различна цена, а сите...
Четири работи ја менуваат куќата - ѕидови, светло, врати и под. Сè друго доаѓа после, а рушењето е последно на...
Ред, смиреност и светлина - ниту еден од трите не чини пари. Чини одлуката да не се пополни секој агол.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.