„Тоа не е моја работа“: судењето за 13-те полицајци од Пулс почна одново, а сведоците раскажуваат за одбиена помош
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
21.09.2026
20.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
21.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
21.09.2026
20.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
22.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
21.09.2026
21.09.2026
20.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Американската фирма за нуклеарни реактори Kairos Power и јужнокорејската Samsung C&T потпишаа договор вреден до 100 милиони долари (околу 92 милиони евра) за изградба на демонстрациски реактор од 50 мегавати. Од тие пари, 70 милиони се влог во капитал, а остатокот е инженерска работа наместо кеш. Купувачот на струјата е познат однапред: Google.
Рокот е 2030 година, а амбицијата е поголема – околу 500 мегавати нуклеарен капацитет за Google до 2035, според партнерството договорено уште во есента 2024. Kairos веќе гради два реактора во Оук Риџ, Тенеси: Hermes 1 како демонстрација со мала моќност и Hermes 2 како комерцијална верзија. Американската нуклеарна комисија ги одобри двата кон крајот на 2024.
Технологијата не е класична. Hermes 2 користи реактор ладен со флуоридна сол на висока температура и гориво TRISO – ураниум запечатен во керамички и јаглеродни слоеви внатре во топчиња со големина на билијардна топка. Целта на таквата конструкција е да го направи топењето на јадрото физички потешко и да го намали ризикот од хаварија поврзана со притисок. Samsung C&T пак носи искуство од околу дванаесет реактори градени или поддржани низ светот.
Тука вреди да се застане на редоследот. Не станува збор за држава што гради нуклеарка и потоа ја продава струјата на пазар. Станува збор за една компанија што однапред го купила целиот излез на реакторот – пред да биде изграден, пред да биде вклучен. Кога дата центрите почнаа да јадат повеќе струја отколку што мрежите можат да дадат, најголемите не се фатија за штедење. Се фатија за сопствени електрани.
Дали тоа е добро или лошо зависи од тоа каде стоите. Инженерски, приватни пари што финансираат нова генерација реактори се она што нуклеарната индустрија го чека со децении. Но политички, тука се раѓа нешто што регулаторите сè уште немаат зборови за него: инфраструктура од национално значење која е изградена, платена и резервирана однапред од еден корпоративен купувач. Кој одлучува што се случува со тие мегавати ако утре на мрежата ѝ затребаат?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Тинекс, СуперТинекс, Конто и Спот преминуваат кај групација од Приштина со промет од 235 милиони евра. Комисијата не виде проблем...
СЗО ја прогласи осаменоста за глобален здравствен проблем со околу 870.000 смртни случаи годишно. На источниот брег на САД веќе...
Porsche, Alaska Airlines и J.B. Hunt не купуваат стартапи - си нарачуваат. Кога иновацијата се сели внатре во корпорацијата, надвор...
Продадена за две милијарди, блокирана од државата, откупена назад од сопствените инвеститори - и сега вреди двојно повеќе. Вреднувањето не...
Осумгодишна фирма што почна како рудар на криптовалути ја утрои вредноста за десет месеци. Не откри ништо ново - само...
Цената на ураниумот скокна за 75 отсто за пет години, а листата на држави што го вадат чита како листа...
Exein собра 270 милиони долари, а вредноста му скокна триесет пати за две години. Европската регулатива што влегува во сила...
Стартап проценет на 94 милиони долари промени сопственик, а обете страни отворено кажаа што се купува - не технологија, туку...
Технологија што децении се продаваше како решение за климата сега зема пари од воената индустрија. Причината е поприземна од физиката...
Одборот гласаше, основачот ги избрка администраторите од Slack и издржа три дена. Што значи гласот на еден одбор кога основачот...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.