Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Од 1 јануари, покрај синдикалната минимална потрошувачка кошничка, и Владата ќе започне со официјална пресметка на просечната потрошувачка кошничка на ниво на државата. Ова го најави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, посочувајќи дека новата кошничка ќе се однесува на најмалку четиричлено семејство и ќе служи како основа за креирање економски политики и заштита на животниот стандард.
Според најавите, пресметката ќе се врши врз основа на цените од најголемите супермаркети во земјава, како и на основните прехранбени производи и други неопходни трошоци за просечно македонско семејство. Ќе се земаат предвид и регионалните разлики, а овошјето и зеленчукот ќе се пресметуваат според сезонската достапност.
Ристески истакна дека ова нема да биде единствената официјална кошничка и дека во иднина се планира пресметка и за двочлено и тричлено семејство, како и за пензионери. Овие прашања ќе се разгледуваат во рамките на Економско-социјалниот совет.
Синдикалната минимална кошничка, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија од 2011 година, и понатаму ќе остане релевантен показател за реалните трошоци за живот, при што ССМ смета дека таа подобро ги отсликува потребите на едно домаќинство.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...