Мицкоски: Реконструкцијата на Владата до крајот на јуни, списокот пред Собранието до 1 јули
20.06.2026
20.06.2026
20.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
18.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Собранието вечерва, на продолжението на 67. седница, го усвои Законот за средно полициско училиште, со што по пауза од четврт век повторно се воведува ваков тип на образование за идните полициски службеници. Законот беше донесен со Бадентерово мнозинство, а расправата за него беше завршена претходно.
Со новото законско решение се воспоставува јасна правна рамка за формирање и функционирање на средно полициско училиште, кое ќе работи во рамки на постојниот Центар за обука во Идризово, согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија.
Образованието ќе трае две учебни години, односно трета и четврта година од средното образование. Учениците ќе можат да се пријават по завршување на прва и втора година во редовно средно училиште, преку јавен конкурс, и доколку ги исполнуваат условите, да го продолжат школувањето во полициското училиште.
Паралелно со средното полициско образование, според потребите на Министерството за внатрешни работи, ќе продолжи да се спроведува и досегашната едногодишна основна обука за полицаец.
Во образложението на законот се наведува дека анализите од досегашната пракса и искуствата од земји каде што веќе постои ваков модел – како Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Чешка и други – покажуваат дека иако со средното полициско образование се создава помал број кадри, се постигнува повисок квалитет.
Дополнително, се нагласува дека кандидатите се запишуваат на помлада возраст, односно на 15 или 16 години, за разлика од сегашниот модел на основна полициска обука, каде кандидатите се на возраст од 18 до 25 години, што овозможува подолг и посистематски образовен процес.
Последната генерација ученици во Средното полициско училиште дипломираше во 2000 година, а со новото законско решение ќе продолжи образувањето на 25-тата генерација идни полициски службеници.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот ги постави роковите за реконструкцијата - но без имиња. Во македонска политика рокот е само половина вест, другата половина...
Снимки покажуваат масовна сеча на Лопушник. Заменик директорот на Македонски Шуми го слави роденденот на настан на ДПМНЕ. Левица бара...
Дефектите се случуваат - тоа е дел од одржувањето. Прашањето е зошто санациите речиси секогаш паѓаат кога граѓаните најмалку можат...
Кога работите функционираат, секој сака да се слика; кога ќе се појави проблем, никој не е надлежен. Брегот на езерото...
Ако никој не се занимава со малите шеми, тие стануваат образец. Прашањето е дали постапката ќе заврши со пресуда или...
Како Скопје ќе го пречека маршот утре кажува повеќе за нас отколку за заедницата што марширала.
На 200 метри од табелата на градот, а без вода. Колку долго едно село смее да остане жедно покрај вода?
Кога независна фондација менува план по коментар од официјален Софија, колку навистина е независна?
Зошто е потребна закана за протест за да се спроведе закон што и онака постои? Кога регулацијата важи само за...
Најавена во февруари, плажата веројатно нема да биде готова за ова лето. Пред лежалки и сонцобрани, можеби прво вреди да...