Skip to content

АПСУРД НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА

1 мин. читање
Сподели
АПСУРД НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА

Ова кај нас не е можно ни во сатирична комедија!

Пратениците бараат интерпелација, поставуваат прашања за договори, пари, јавни ресурси и одговорност, а министерката  одговара:

„Работам со целиот свој капацитет и за две години од нула направив институција!“

Интрпелацијата не е  дали сте работеле со полн капацитет, дали сте работеле прекувремено или дали сте ја изградиле институцијата од темел.

Прашуваат конкретно за: договори , јавни ресурси, транспарентност и сл.

На крајот, излегува дека интерпелацијата не била за министерката да одговори пред Собранието, туку Собранието да ѝ даде можност да си одржи годишен извештај за сопствените успеси.

Во нормална држава, министерот одговара на прашањата. Кај нас, прашањата се само повод министерот да си одржи говор за самиот себе.

Добредојдовте во Македонија – земјата во која бараш отчет, а добиваш автобиографија!