Skip to content

ЕВН – ДРЖАВАТА ИМА 10%, ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ СЕ ОТСТАПЕНИ, А ДОГОВОРИТЕ И МИЛИОНСКИТЕ НАПЛАТИ ОСТАНУВААТ ДАЛЕКУ ОД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА!

0 мин. читање
Сподели
ЕВН – ДРЖАВАТА ИМА 10%, ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ СЕ ОТСТАПЕНИ, А ДОГОВОРИТЕ И МИЛИОНСКИТЕ НАПЛАТИ ОСТАНУВААТ ДАЛЕКУ ОД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА!

Дваесет години по приватизацијата на електродистрибуцијата, јавноста сè уште нема целосен увид во договорот за продажба на ЕВН, во управувањето со државниот удел од 10% и во финансиските обврски преземени при приватизацијата.

Дополнително, се отвора прашањето за малите хидроцентрали отстапени на ЕВН и дали тие биле дел од механизмот за покривање на загубите во електродистрибутивниот систем.

ЕВН и Електродистрибуција наплаќаат од граѓаните и компаниите за приклучоци и мрежна инфраструктура, но јавноста нема целосна слика колку пари се наплатени, колку е инвестирано и колкава вредност на инфраструктурата е преземена од приватни инвеститори.

Иако дел од тарифите се јавно регулирани, конкретните финансиски текови и договорни услови остануваат недоволно транспарентни.

Ако државата има 10% во ЕВН, кој ги контролира нејзините интереси? Зошто целосниот приватизациски договор и неговите анекси не се јавно достапни? Колку заработила ЕВН од малите хидроцентрали и колку милиони евра наплатила од граѓаните и инвеститорите за приклучување?

Електричната мрежа е инфраструктура од јавен интерес. Граѓаните имаат право да знаат каде завршуваат парите што ги плаќаат!

Според официјалниот годишен извештај на РКЕ за 2025 година:

  • 7.102 приговори поднеле домаќинствата директно до универзалниот снабдувач.

  • 1.111 постапки по приговори од областа на електричната енергија се воделе пред РКЕ, што е зголемување од 132,4% во однос на 2024 година.

  • 114 постапки пред РКЕ, од сите енергетски области заедно, биле поведени од правни лица.

  • 141 претставка за електрична енергија е евидентирана кај Народниот правобранител.