Африкански температури за викендот: 30 степени по доцен мраз – Македонија без план за летни горештини над 40
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
04.05.2026
03.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
04.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
04.05.2026
03.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
05.05.2026
04.05.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Лекарите кои ќе ги надминат дозволените квоти за препишување антибиотици и анксиолитици ќе се соочат со санкции, предупредуваат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Како што информираат од Фондот, минатата година е забележано зголемување од дури 23 проценти во употребата на антибиотикот „Сумамед“, лек кој, според медицинските протоколи, треба да се користи како последна линија на лекување.
Со воведувањето на системот Е-рецепт, кој треба целосно да профункционира наредната година, ќе има целосна транспарентност во терапиите што се препишуваат. Преку овој систем ќе може точно да се утврди за која дијагноза е даден одреден лек, дали дозата е соодветна и дали терапијата е оправдана.
Од ФЗО алармираат и за состојбите со медицинскиот кадар. Во изминатиот период е регистриран одлив на здравствени работници – најпрво од внатрешноста кон Скопје, а потоа и од јавното кон приватното здравство. Сепак, со зголемувањето на платите во јавното здравство, се бележат и први позитивни поместувања – дел од лекарите, како и две медицински сестри, неодамна се вратиле од приватниот сектор.
Дополнителен проблем што го нотира Фондот се хируршките одделенија во кои има лекари со плати и до 2.000 евра, кои ги користат сите додатоци, но не работат во операциона сала. Пациентите, според ФЗО, често се препраќаат во други болници, со образложение дека нема тим или услови за работа.
„На оваа практика мора да ѝ се стави крај“, порачуваат од Фондот, додавајќи дека одделенијата кои не даваат резултати треба да се затворат, а поддршката да се насочи кон оние здравствени установи и тимови кои навистина работат и испорачуваат квалитетна здравствена услуга.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Зачестени и поинтензивни промени на временски модели. Земјоделците губат, потрошувачите палат клима порано. Париз има јавни ладни простори од 2003....
Скопскиот воздух не е „услуга“ за некои - тоа е јавно добро. Секој пожар без надзор е еден ден помалку...
Целата градска територија се прска против ларви на комарци. Хемикалиите не се специфицирани, последиците по екосистем не се поставуваат како...
На панел со Макрон и Мелони - реториката за безбедност повторно се користи како клуч за европското приклучување. Прашањето е...
Министерството за демографија и млади организира регионален собир за намалувањето на население - проблем кој Балканот го игнорира со децении....
Убиен на 4 мај 1903, неговите посмртни останки се во Скопје. Денес - церемонии, државна награда и прашањето: дали Македонија...
Деца на 13-15 години регрутирани за курири на амфетамини. Полицијата уапсила 7 лица јануари-март. Основните училишта немаа проверки на влез...
Неделниот извештај за 27-30 април: 147 физичко-хемиски и 147 микробиолошки примероци на 39 мерни точки. Резултатот е јасен.
Дефект на Ленинова и планирани работи на ЕВН. Жителите на Драчево ова не го слушаат за прв пат.
Од 2022 кога МПЦ доби канонско признавање, посетите од сродни цркви се чин на легитимизација. Романската православна црква има 16...