Мицкоски: Реконструкцијата на Владата до крајот на јуни, списокот пред Собранието до 1 јули
20.06.2026
20.06.2026
20.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
18.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Реката Треска е на критично ниво, а Вардар бележи висок водостој во горниот и средниот тек, со реална опасност од излевање во текот на денот. Хидрометеоролошката управа издаде итно предупредување за граѓаните да бидат внимателни при движење покрај водните текови.
Според објавата на Управата, зголемени водостои се очекуваат преку ноќта и во утринските часови, а опасноста од прелевање на двете реки и понатаму е присутна. Додека водостоите во западните региони покажуваат тенденција на опаѓање, во источниот дел на земјата ситуацијата е поспокојна.
Нивото на Треска, иако во постепено опаѓање од утрово, останува исклучително високо и на критичен праг, со можност за локални поплави на одредени делници од нејзиниот тек. Водите на Црна Река исто така се на зголемено ниво, додека властите предупредуваат на можни локални поплави во Демирхисарскиот и Пелагонискиот регион.
Вардар во горниот тек продолжува да бележи опасно високи нивоа, а до крајот на денот се очекува зголемување на водостојот во долниот тек кон Демир Капија и Гевгелија. Река Кичевска постепено се повлекува, но поплавените и под вода ставени површини и понатаму се присутни.
Од вчера попладне над 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени. Градоначалникот Мухамед Елмази соопшти дека во интервенцијата се вклучени Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, пожарникари од Тетово и Скопје, тимови од општина Ѓорче Петров, локалните итни служби и полициските единици.
Граѓаните се повикуваат да вршат внимателно движење покрај реките и сувите речни корита во текот на целиот ден. Метеоролошките прогнozi најавуваат продолжување на врнежите, што може дополнително да ја влоши ситуацијата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот ги постави роковите за реконструкцијата - но без имиња. Во македонска политика рокот е само половина вест, другата половина...
Снимки покажуваат масовна сеча на Лопушник. Заменик директорот на Македонски Шуми го слави роденденот на настан на ДПМНЕ. Левица бара...
Дефектите се случуваат - тоа е дел од одржувањето. Прашањето е зошто санациите речиси секогаш паѓаат кога граѓаните најмалку можат...
Кога работите функционираат, секој сака да се слика; кога ќе се појави проблем, никој не е надлежен. Брегот на езерото...
Ако никој не се занимава со малите шеми, тие стануваат образец. Прашањето е дали постапката ќе заврши со пресуда или...
Како Скопје ќе го пречека маршот утре кажува повеќе за нас отколку за заедницата што марширала.
На 200 метри од табелата на градот, а без вода. Колку долго едно село смее да остане жедно покрај вода?
Кога независна фондација менува план по коментар од официјален Софија, колку навистина е независна?
Зошто е потребна закана за протест за да се спроведе закон што и онака постои? Кога регулацијата важи само за...
Најавена во февруари, плажата веројатно нема да биде готова за ова лето. Пред лежалки и сонцобрани, можеби прво вреди да...