Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Скандалот со заплената на вкупно 40 тони марихуана во Македонија добива нови димензии. Владејачката партија тврди дека фирмата „ЦБД Медплант” — поврзана со поранешниот функционер на СДСМ Тони Котев — работела противзаконски уште за времето на претходната власт.
Според изјавата на ВМРО-ДПМНЕ, за да се складираат 30 тони дрога, колку количество е дел од вкупниот зафат, потребен е процес од четири до пет години. Ова директно укажува дека незаконското работење се одвивало уште во периодот кога Зоран Заев и Венко Филипче беа на власт. Фирмата „ЦБД Медплант” добила лиценца за производство на медицински канабис токму во 2020 година, во период кога поранешната власт активно ја промовирала легализацијата на марихуаната и Македонија ја претставувала како туристичка дестинација поврзана со канабис.
Во 2023 година бил изменет Правилникот за одгледување марихуана, кое ВМРО-ДПМНЕ исто така го поврзува со поранешната власт, тврдејќи дека со промените биле нарушени стандардите за медицинска употреба. Според партијата, 30 од вкупно 40 запленети тони се директно поврзани со оваа фирма.
Од другата страна, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрла сите обвинувања и ги квалификува како „черна кампања” и „обид за дефокус”. „Прашањето е зошто четири-пет шлепери поминале царинска и полициска контрола“, изјави Филипче, инсистирајќи дека нема никаква врска со компании за марихуана. Тој исто така постави прашање дали фирмата „Алфафарм” е поврзана со тековната власт, пренасочувајќи ги обвинувањата кон владејачката структура.
Владејачката партија бара Јавното обвинителство целосно и темелно да го истражи и расветли случајот. Политичкиот спор продолжува, додека јавноста чека конкретни правни чекори и одговорност за едно од најголемите нарко-случаи во историјата на земјата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...