Skip to content

Синдикатот оди на улица: Утре во Скопје посебен сообраќаен режим поради протест

1 мин. читање
Сподели
Синдикатот оди на улица: Утре во Скопје посебен сообраќаен режим поради протест

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест во центарот на Скопје, поради кој утре ќе бидат воведени посебни сообраќајни мерки. Маршот започнува во 12:05 часот пред зградата на Синдикатот на улица Мирче Ацев.

Колоната ќе поминe низ централните улици – по булеварите Филип Втори Македонски, 11 Октомври, Димитрие Чупоски и Васил Главинов – до зградата на Владата на булеварот Илинден. МВР предупредува дека привремени ограничувања и пренасочувања на сообраќајот ќе бидат воведени на засегнатите улици.

Граѓаните се повикуваат да ги следат упатствата на сообраќајните полицајци и да бидат претпазливи при движење низ централното градско подрачје.