Skip to content

Делови од Скопје денеска без струја и вода: Еве кои улици се засегнати

1 мин. читање
Сподели

Делови од Скопје денеска остануваат без електрична енергија и вода поради планирани зафати на дистрибутивната мрежа.

Без струја:

Од 8:30 до 12:30 часот – улица 1506 Скупи и дел од Никола Карев 9 кај реката Лепенец во општината Карпош. Од 9:00 до 15:00 часот – дел од улица 31 во Волково, општина Ѓорче Петров. Од 11:00 до 13:00 часот – дел од улицата Ефтим Спасовски во Кисела Вода.

Без вода:

Од 9:00 часот до завршување на работите – делови од улицата Железничка и околината на „Неуромедика”, поради приклучување на водоводна мрежа на Железничка 66.

ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација апелираат до граѓаните за разбирање поради неопходноста на техничките интервенции.