Skip to content

Уште еден евакуациски лет за македонски граѓани од Дубаи

1 мин. читање
Сподели

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати најави уште еден евакуациски лет од Дубаи до Скопје за македонски државјани во регионот.

Граѓаните на кои им е потребна евакуација треба итно да се регистрираат кај амбасадата во Абу Даби на телефонскиот број +971 56 441 7532 или на електронската адреса abudabi@mfa.gov.mk.

Ова е продолжение на тековните операции за извлекување на македонски државјани од конфликтното подрачје. Досега беа реализирани четири организирани евакуациски летови од регионот на Блискиот Исток, со кои беа транспортирани приближно 458 патници.

Подготовките и деталите за утрешниот лет се во завршна фаза, со приоритет за оние со најитни потреби за евакуација.