Skip to content

Битола го уредува запуштениот простор зад СВР – нови паркинзи низ градот

0 мин. читање
Сподели

Запуштениот простор зад зградата на СВР Битола конечно се трансформира во функционален јавен простор. Градежните работи вклучуваат поставување бетонски плочки на приближно 800 квадратни метри.

Проектот, вреден околу 2,3 милиони денари, го изведува ЈП „Нискоградба”. Покрај уредувањето на теренот, ќе бидат инсталирани одводни решетки за правилно насочување и отстранување на дождовна вода.

Од општина Битола соопштија дека ова е дел од поширок план за рехабилитација на запуштени локации низ градот. „Преку вакви напори, го подобруваме урбаниот изглед и создаваме пофункционални јавни простори за жителите”, изјавија од општината.

Дополнителни простори ќе бидат уредени во наредниот период, особено на локации каде претходно беа отстранети нелегално изградени гаражи, вклучувајќи локации кај Овчи Пазар, Ат Пазар и кај Дрвениот Пазар.