Skip to content

Посебен сообраќаен режим во Скопје утре поради атлетска трка

0 мин. читање
Сподели
Посебен сообраќаен режим во Скопје утре поради атлетска трка

МВР најави посебен сообраќаен режим во Скопје утре, 22 март, поради одржување на атлетска улична трка на булеварот „Јане Сандански”.

Од 07:30 до 11:30 часот ќе бидат затворени делови од булеварот „Јане Сандански”, улицата „Васко Карангелевски” и булеварот „АСНОМ”. Учесниците во трката ќе се движат по овие улици, а полицијата активно ќе го насочува сообраќајот по алтернативни правци.

Властите ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат наредбите на сообраќајната полиција на патиштата каде се одржува настанот и да планираат алтернативни маршрути за своите патувања.

Возачите кои вообичаено ги користат овие правци треба да предвидат дополнително време или да ги избегнуваат засегнатите области во наведениот временски период.