Skip to content

Муцунски се сретна со Минзату – зајакнување на образовната соработка со ЕУ

0 мин. читање
Сподели

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се сретна со извршната потпретседателка на Европската комисија Роксана Минзату на средба посветена на зајакнување на соработката во областа на образованието.

На средбата беше нагласена заложбата за усогласување на образовниот систем со европските стандарди и унапредување на квалитетот на образованието во земјата. Разговорите се дел од поширокиот процес на евроинтеграција и зближување со ЕУ практиките.

Муцунски и Минзату дискутирале за конкретни чекори за подобрување на образовните политики, вклучувајќи размена на искуства и зголемена поддршка од европските програми за образование и обука.