Skip to content

Скопје домаќин на регионална конференција за високото образование

1 мин. читање
Сподели

Скопје е домаќин на регионалната конференција „Мостови кон иднината” посветена на интернационализацијата на високото образование во Западен Балкан и Југоисточна Европа.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ја отвори конференцијата нагласувајќи дека квалитетното образование е темел за економска отпорност во време на глобални трансформации. „Нашата цел се универзитети базирани на факти, а не на донации”, изјави Јаневска.

Министерката го адресираше и предизвикот со одливот на кадри, предлагајќи мобилноста да не се изедначува со трајно заминување. „Нашата цел не е ограничување на мобилноста, туку нејзино претворање во циклус каде студентите и професорите заминуваат, а се враќаат со свежа експертиза, врски и перспективи”, додаде таа.

Конференцијата ги собра клучните актери во образованието – министри, универзитетски раководства и експерти од регионот, со цел јакнење на меѓународната соработка во високото образование.