Skip to content

Александар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

1 мин. читање
Сподели

Александар Пендароски и Мартина Михајлова се избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026. Одлуката ја донесе Месната заедница Галичник по разгледување на сите поднесени апликации.

Интересот годинава бил исклучително голем со бројни квалитетни апликации. Она што го издвоило паровот била нивната „длабока и искрена поврзаност со Галичник – место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, сеќавање и живот”.

Изборот има дополнително значење бидејќи 2026 година се одбележуваат 35 години од првата модерна Галичка свадба во 1991 година, кога родителите на Александар биле венчани. За нив, ова претставува продолжување на семејната традиција и длабока поврзаност со корените.

Месната заедница им честиташе на избраниот пар, изразувајќи уверување дека „Александар и Мартина достојно ќе ја носат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник”.