Skip to content

Денеска без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба

0 мин. читање
Сподели

ЕВН најави планирани прекини на електричната енергија во повеќе скопски општини поради одржување на дистрибутивната мрежа.

Во Кисела Вода, жителите по булеварот „Борис Трајковски” ќе бидат без струја од 8:00 до 13:00 часот. Во Карпош, улицата „Скупи” ќе има прекин од 10:00 до 12:00 часот, вклучувајќи го и приватното училиште и просториите пред „Термо систем”.

Во Гази Баба, делот од улицата „30″ во Трубарево ќе биде исклучен од 9:00 до 14:00 часот. Покрај прекините на струја, дел од жителите на Нерези остануваат и без вода.

ЕВН апелира до граѓаните за разбирање и ги информира дека работите се неопходни за подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија.