Skip to content

Безбеден град: Прекршоците за црвено светло намалени за 68 проценти

0 мин. читање
Сподели

Системот „Безбеден град” во март регистрирал вкупно 26.241 сообраќаен прекршок, но истовремено покажал значителен ефект врз однесувањето на возачите.

Прекршоците за поминување на црвено светло се намалиле за 68,2 проценти во споредба со февруари, што укажува дека камерите имаат директно влијание врз возачката дисциплина.

Сепак, прекумерната брзина останува доминантен проблем. По градските улици и патиштата и понатаму се вози значително побрзо од дозволеното, што претставува главниот извор на прекршоците.

Системот за автоматско детектирање на прекршоци беше воведен на почетокот на годината и опфаќа повеќе локации низ Скопје со камери за мерење брзина и детекција на поминување на црвено светло.