Skip to content

Мицкоски: Разочарувањето на младите влече корени од транзицијата

0 мин. читање
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во утринската програма на МРТ истакна дека разочарувањето на младите луѓе влече корени од времето на транзицијата, кога малкумина станаа екстремно богати додека мнозинството осиромаши.

„Само дома си е дома. Ќе дојде време кога младите што заминале од Македонија од разни причини ќе се враќаат дома”, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека вистинската борба треба да се води во земјата.

Тој посочи дека транзицијата остави длабока трага во колективната меморија и ги поттикна младите на иселување, бидејќи видоа како системот функционира во корист на поединци.

Мицкоски повика на создавање подобри услови за живот и работа во земјата, со цел да се намали трендот на иселување и да се привлечат назад оние кои веќе заминале.