Skip to content

Без струја делови од Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Центар

0 мин. читање
Сподели

ЕВН Македонија најави планирани прекини на електричната енергија во повеќе делови на Скопје поради зафати во електродистрибутивната мрежа.

Без струја ќе останат делови од општините Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Центар. Најдолгите исклучувања се предвидени до 17 часот.

Граѓаните се советуваат да ги преземат потребните мерки и да ги исклучат електричните апарати за време на прекинот.