Skip to content

ОТА: 259 прислушувања активирани во 2025, најмногу за МВР

1 мин. читање
Сподели

Оперативно-техничката агенција (ОТА) во 2025 година активирала вкупно 259 прислушувања на комуникации, при што најмногу барања поднело Министерството за внатрешни работи.

Според годишниот извештај, МВР побарало 182 прислушувања, Специјалното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција – 22, додека останатите се поврзани со безбедноста и одбраната и остануваат класифицирани.

Комуникациите биле пресретнувани преку пет телекомуникациски оператори: Телекабел, Неотел, А1 Македонија, Македонски Телеком и Мтел. Надзорната комисија спровела систематски инспекции кај сите оператори, при што кај некои биле утврдени негативни наоди кои остануваат доверливи.

За одобрување на прислушувањата е потребен судски налог со технички детали, времетраење и идентификатори на целта. Еден вработен во ОТА добил дисциплинска постапка за прекршување на работните обврски.