Skip to content

Одбележан Меѓународниот ден на Ромите – Силјановска порача дека Ромите заслужуваат повеќе од декларативни права

1 мин. читање
Сподели

По повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите, претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати честитка во која нагласи дека ромската заедница заслужува повеќе од декларативни права.

„Реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции”, изјави претседателката, додавајќи дека Ромите историски и културно се нераздвоен дел од македонското општество.

Претседателот на Собранието Африм Гаши исто така го прослави денот, повикувајќи на заедничко дејствување против дискриминацијата и за подобрување на условите за ромската заедница.

Денот се одбележува со низа настани низ земјата, нагласувајќи ја потребата за поголема инклузија, еднакви можности и почитување на правата на ромскиот народ.