Skip to content

Руте по средбата со Трамп: Тој е без дилеми разочаран од НАТО

0 мин. читање
Сподели

Руте се сретна со Трамп во Белата куќа и потврди дека американскиот претседател е „без дилеми разочаран” од НАТО и нивото на воени трошења на европските членки на Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја опиша средбата како конструктивна, но призна дека Трамп јасно ја изразил својата фрустрација од европските сојузници кои не го исполнуваат договореното ниво од 2% од БДП за одбрана.

„Тој е без дилеми разочаран и јас го разбирам”, изјави Руте по средбата. Тој додаде дека европските земји мора итно да ги зголемат воените буџети доколку сакаат да ја задржат американската посветеност на колективната одбрана.

Трамп повторно ги повика европските членки да ги преземат поголем дел од одбранбените трошоци, загатнувајќи дека САД би можеле да ја преиспитаат својата улога во Алијансата доколку сојузниците не ги исполнат своите обврски. Средбата се одржа во контекст на заострување на безбедносната ситуација во Европа и Блискиот Исток.