Година по Кочани: Прописите за лиценци остануваат непроменети
16.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Пет државјани на Турција се обвинети за убиството на Енес Оздемир, уште еден државјанин на Турција, кое се случи на 8 мај во Штип, соопшти штипското Основно јавно обвинителство (ОЈО) откако поднело обвинение до судот.
Еден од обвинетите се товари дека директно го извршил кривичното дело убиство, а се гони и за неовластено држење на оружјето со кое ја убил жртвата.
Од останатите, тројца се обвинети дека му помогнале во извршувањето на делото, додека петообвинета е девојка која се гони за помаѓање откако се случило убиството.
Првообвинетиот е 21-годишно момче кое во Северна Македонија било без регулиран престој. Според обвинителството, на почетокот на мај тоа купило полуавтоматски пиштол од непознато лице во Скопје, а потоа се договорило со жртвата да се сретнат во кафе-бар во центарот на Штип.
„Тие седнале на една од масите во аголот од летната тераса на кафе барот и разговарале околу 15 минути. Во еден момент обвинетиот отишол до тоалетот и веднаш се вратил, го извадил пиштолот и започнал да пука кон оштетениот, нанесувајќи му шест огнострелни повреди од кои починал“, велат од ОЈО Штип.Мафијашки убиства и престрелки ги вознемируваат граѓаните – како да се пресретнат?
Тројца од останатите обвинети, пак, иако знаеле што планира, обвинителството тврди дека му обезбедиле логистичка поддршка – го сместиле во станот каде живееле и му помогнале да го купи пиштолот. На денот на убиството, според информациите од обвинителството, тие го превезле и до Штип.
Според ОЈО, по убиството тие ја повикале петообвинетата да ги превезе со нејзиниот автомобил назад за Скопје, но враќајќи се забележале дека има полиција на патарината „Миладиновци“.
„Таа го запрела возилото на околу 300 триста метри пред патарината, овозможувајќи му на директниот извршител да излезе и да почне да бега надвор од коловозот, покрај автопатот, каде подоцна бил пронајден и уапсен. Останатите продолжиле да се движат со возилото кон патарината и биле запрени од полициските службеници, кои започнале да ги легитимираат и да вршат преглед над возилото“, пишува во соопштението од обвинителството.
Како што се додава, иако се обиделе да избегаат, за кратко време биле фатени и уапсени.
Четворица од обвинетите веќе се наоѓаат во притвор и ОЈО Штип бара мерката да им биде продолжена. За петообвинетата, пак, на сила се поблаги мерки на претпазливост.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И покрај ветувањата за реформи по трагедијата во Пулс, условите за безбедност во угостителските објекти сеуште не се заострени.
Кочани ја одбележа годишнината од трагедијата со бдеење во 2:32 часот и меморијална инсталација со 63 бели столчиња.
Американскиот претседател бара кинеска помош за отворање на Ормузскиот Теснец пред планираната средба во Пекинг.
Шпанскиот премиер привлече внимание како редок европски глас кој недвосмислено ја осуди агресијата против Иран.
Раул Гиљермо Родригез Кастро почна да се појавува покрај претседателот Дијаз-Канел, предизвикувајќи шпекулации за иднината на Куба.
Францускиот претседател побара итно враќање на двајца француски државјани и обновување на пловидбата низ Ормузскиот Теснец.
Постројките за десалинизација кои снабдуваат 100 милиони луѓе се потенцијална мета во конфликтот со Иран.
Жителите ги фотографирале последиците од ирански дрон и им ги испратиле сликите на блиските, по што биле притворени.
Американскиот претседател потврди дипломатски контакти со Техеран, но изрази скептицизам - само пет дена откако прогласи победа.
Пекинг изрази загриженост за ескалацијата околу Ормузскиот Теснец, додека Трамп бара кинески воени бродови во регионот.