Skip to content

Велигденски сообраќаен режим во Скопје: Затворени булевари и пренасочени автобуси

0 мин. читање
Сподели

Soobrakjaen rezhim Skopje Veligden

Поради одбележувањето на Велигден, од денеска во 18 часот во Скопје се воведува посебен сообраќаен режим, со привремени затворања на дел од главните сообраќајници и пренасочување на линиите на јавниот превоз.

Во централното подрачје за сообраќај ќе бидат затворени: булеварот „Партизански одреди” од крстосницата со „Франклин Рузвелт” до булевар „ВМРО”, булеварот „Св. Климент Охридски” од „Илинден” до „Димитрие Чуповски”, како и улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов” од „9 Мај” до кружниот тек кај „Св. Кирил и Методиј”.

Промени ќе има и во јавниот превоз. Автобусите што вообичаено минуваат преку мостот „Гоце Делчев” ќе бидат пренасочени преку булеварот „Илинден” и улицата „Франклин Рузвелт”, додека дел од централните линии ќе се движат по изменети траси низ „М.Т. Гологанов”.

Надвор од центарот, во општина Ѓорче Петров ќе биде затворена улицата „Македонска војска” кај црквата „Св. Петар и Павле”, додека во општина Аеродром ќе се затвори локалниот пат кон селото Лисиче.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека режимот ќе се применува по потреба, во зависност од движењето и собирањето на граѓаните околу верските објекти. Доколку има потреба, ќе се затвораат и дополнителни улици.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките на униформираните лица и однапред да планираат алтернативни рути за движење во текот на празничната вечер.