Skip to content

200.000 Бугари во Македонија, а само 210 гласаат: Бројките не лажат

1 мин. читање
Сподели

Од 3.504 бугарски државјани регистрирани во Македонија, само 210 се пријавиле да гласаат на денешните бугарски парламентарни избори. Премиерот Мицкоски изрази благо разочарување: „Благо сум разочаран што само 250 македонски Бугари ќе гласаат на тамошните избори, кога Радев вели дека има повеќе од 200.000 такви луѓе.”

Бројката е поразителна за бугарската наративна математика. Софија со години тврди дека во Македонија живеат стотици илјади Бугари. На хартија – 3.504 државјани. На гласачко место – 210. Разликата меѓу политичката фикција и реалноста ретко била толку мерлива.

Ова е осуда на два наратива: дека Македонија е полна со Бугари кои чекаат да бидат ослободени, и дека бугарското државјанство се земало од убедување, а не од интерес за пасош на ЕУ. 210 гласачи од наводните 200.000 – тоа не е статистика, тоа е одговор.