30 дена притвор за навивачот што онесвести дете пред „Јане Сандански“: како две навивачки групи се најдоа токму на влезот?
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Нивото на реката Брегалница во Штип за само една недела е двојно зголемено, што повторно ја активира загриженоста кај жителите и институциите во источниот дел на земјата. На последната мерна станица во штипската населба Ново Село денеска е измерено ниво од 1,80 метри, со јасна тенденција на понатамошен раст поради континуираните врнежи од дожд. Според прогнозите, водостојот до крајот на денот може да се приближи и до 2 метри.
Брегалница извира во Пехчево, тече низ Берово, Калиманци и Штип, а потоа се влева во реката Вардар. Со вкупна должина од 225 километри, таа претставува една од најзначајните реки во источниот регион, а Штип е последната поголема населба низ која поминува пред вливањето во Вардар.
Жителите што живеат во близина на коритото внимателно ја следат состојбата. Штипјанецот Кире Меџунаров, кој живее во непосредна близина на мерната станица, вели дека ваквото нагло зголемување буди сериозна загриженост.
„На 19 јануари, кога се фрлаше крстот во реката, нивото беше околу еден метар. Денес, за само една недела, речиси се удвои. Се надеваме дека нема да се повторат поплавите од 2013 година, кога Брегалница достигна рекордни 4,13 метри“, вели Меџунаров.
Општинските служби во Штип се во зголемена приправност и веќе преземаат превентивни мерки. Градоначалникот Иван Јорданов информира дека состојбата постојано се следи и дека се договара набавка на вреќи со песок, кои по потреба ќе бидат поставени на критичните точки каде што постои ризик од излевање.
„Имаме постојана комуникација со сите надлежни институции. Подготвени сме навремено да реагираме доколку дојде до дополнително зголемување на нивото“, изјави Јорданов.
Во зголемена приправност се и другите општини долж текот на Брегалница. Во Берово, според градоначалникот Петар Ружински, состојбата засега е стабилна, но службите се на терен.
„Коритото во градот е регулирано, но проблеми може да се појават кај селото Будинарци, каде што коритото е потесно. Таму интервенира Водостопанството каде што има потреба“, посочува Ружински.
И во Делчево, според градоначалникот Иван Гоцевски, нивото на Брегалница е стабилно, благодарение на широко и регулирано корито, но се следат и притоките.
„Имавме одредени проблеми на Звегорска Река, но тие беа брзо санирани со механизација“, вели Гоцевски.
Клучна улога во контролата на водостојот има и акумулацијата „Калиманци“. Според раководителот на Водостопанство „Брегалница“ – Кочани, Горанчо Зашов, браната моментално располага со 85 милиони кубни метри вода и има капацитет да акумулира уште околу 30 милиони кубни метри.
„Извршивме контролирано испуштање од 130 кубни метри вода во секунда. Состојбата засега е стабилна и внимателно се следи, а по истекот на водите од Кочанска, Злетовска и Оризарска Река ќе биде пуштена во погон и хидроелектраната ‘Калиманци’“, информира Зашов.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, да не се движат покрај надојдени корита и навремено да пријават доколку забележат опасност од излевање. Ситуацијата останува динамична, а следните 24 часа ќе бидат клучни за понатамошниот развој.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Нуркачите извадија пластика, стакло, конзерви и автомобилски гуми од езеро старо милиони години. Чистењето има буџет - а казните за...
Шведскиот амбасадор го обиколи објектот за селекција и новото собирно место, а градоначалникот вети модел за другите општини. Колку тони,...
Нови пластични столпчиња и огледала на ризичните крстосници се добра вест за пешаците. Само што општината не кажува колку се,...
Епидемија нема, вели министерот, но Косово и Бугарија веќе ја прогласија. Домашните заболени не биле надвор од земјата - па...
Првата пратка пристигна во „Корчагин“, а градоначалникот зборува за еднаквост и крај на булингот поради облеката. Бројките за тендерот, пак,...
Циклон од Медитеранот носи обилен дожд, а на планините и снег. Од среда се смирува - дотогаш, прашањето е дали...
Партиципативното буџетирање звучи добро, а средбите се отворени за секого. Вистинскиот тест е колку од предлозите на граѓаните ќе стигнат...
Прашањето беше што да прави мала држава што го смени името, а патот кон ЕУ ѝ остана блокиран. Одговорот на...
Дел ќе се донира, остатокот ќе стане кукли, јоргани и перници. Собирен центар мора да има секоја општина над 30.000...
Дел завршени, дел во фаза на реализација. Набројани се неколку училишта, а бројка за завршените и за парите нема.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.