Skip to content

Штипјани собраа неколку тони стара облека: Проценката за цела година беше 12 тони, а акцијата покажа колку текстил се фрла

0 мин. читање
Сподели
Штипјани собраа неколку тони стара облека: Проценката за цела година беше 12 тони, а акцијата покажа колку текстил се фрла

Каде е најблискиот контејнер за рециклирање и кои стојат полни со денови? Сè е на една мапа, со податоци што се ажурираат секој ден.

Отвори го водичот за рециклирање →

Првата акција за собирање текстилен отпад од домаќинствата во Штип заврши со неколку тони алишта и друга облека. Проценката на организаторите беше дека во градот годишно ќе се собираат околу 12 тони. По една акција, веќе зборуваат за поголеми количества, и тоа со здрава и чиста облека што домаќинствата ја фрлаат.

Зад проектот стои Фондацијата за развој на локалната заедница, поддржана од Општина Штип и Владата на Германија. Здравата и употреблива облека ќе се донира, а остатокот ќе се рециклира во собирен и преработувачки центар на осум километри од Штип, на патот кон Радовиш, првиот од таков вид во Македонија. Од него треба да излегуваат кукли, јоргани, перници и слични производи. Засега селекцијата ја вршат две лица.

Бројките објаснуваат зошто ова почна токму таму. Според истражувањата на кои се повикува координаторот Борис Шарковски, текстилот е околу 5 проценти од вкупниот отпад на ниво на држава, а во Штип, како конфекциски град, 35 проценти, и од тоа повеќе од половина потекнува од домаќинствата, а не од фабриките. Индустрискиот отпад центарот нема да го прима.

„Не фрлај, дај му нов круг“, гласи мотото. Фондацијата ветува дека ништо нема да се фрла, а ако на крајот остане нешто, ќе се балира и ќе се извезува во Турција или ќе се согорува во специјализирани центри. Значи нешто сепак ќе заврши надвор од кругот.

Интересна е и реченицата што Шарковски ја кажа меѓу другото: собирен центар за текстилен отпад мора да има секоја општина со над 30.000 жители. Прв центар во Македонија значи дека сите други ги нема. Колку општини ја знаат оваа обврска и кој ќе ги праша, откако еден град ја започна работата со странски пари?