Skip to content

Белите ленени панталони: едно парче, три комбинации и крај на летниот молк

1 мин. читање
Сподели
Белите ленени панталони: едно парче, три комбинации и крај на летниот молк

Кога живата ќе ја мине триесеттката, волнените панталони стануваат непријател, а едно парче излегува како спасител на летото: белите ленени панталони. Стилистите ова лето ги нарекуваат „униформа за преживување на горештините со елеганција” – и тешко е да не им се даде право.

Логиката зад ленот е едноставна. Тоа е најлесната ткаенина со најдобра пропустливост на воздух кога температурите се креваат. Широкиот, флуиден крој и светлата бела боја убаво легнуваат на потемнета кожа, а медитеранската естетика – таа лежерна, посончана елеганција – е едно од најсилните модни струења оваа сезона. Едно парче, а функционира за плажа, за канцеларија и за вечера.

Токму во таа разноликост е чарот. Истите бели панталони наутро можат да одат со ленен елек, рамни сандали и плетена корпа за еден опуштен, „чирингито” летен изглед покрај море. Попладне се претвораат во бохо-комбинација со флуидна блуза со пејсли мотив и торба од кожа. А за работен ден, доволно е преголема пругаста кошула, кожни сандали и неколку дискретни додатоци за изгледот да стане сериозен без да биде здодевен.

Метла секогаш ќе го каже и она другото: модната индустрија сака да верувате дека ви треба ново парче за секоја прилика. Вистината е поинаква – токму спротивното е поскапо за индустријата, а попаметно за вас. Една добра ленена панталона, искомбинирана на три различни начини, прави повеќе од три посебни купувини. Трендот е реален, но не мора да чини колку што сакаат да ве убедат.