НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА: ТАЈНАТА НА ПОБАВНОТО СТАРЕЕЊЕ МОЖЕ ДА СЕ КРИЕ ВО НАШИТЕ ЦРЕВА!
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Двајца луѓе уапсени на српско-унгарската граница на 11 јуни. Кај нив: делови од дрон, уреди за далечинско управување и две конзерви полни со експлозив. Тогаш тоа изгледаше како локален случај. Сега германските истражители велат дека начинот на кој се направени тие уреди речиси се совпаѓа со она што го нашле на аеродромот во Лајпциг.
Во двата случаја експлозивот е ставен во конзерви и закачен на летало. Тоа не е универзално решение до кое секој би дошол сам – тоа е потпис на некој кој веќе го правел истото. Околу тој детал сега работат безбедносните служби на три земји: Германија, Србија и Полска.
Што се случи во Лајпциг
На 4 август, на еден од најголемите товарни аеродроми во Европа, покрај украински карго-авиони е пронајден дрон со експлозив. Истражителите веруваат дека не бил само еден – досега се откриени три дрона или нивни делови. На уредите, во внатрешноста на дронот и на антената е најдена ДНК, а таа ДНК дала совпаѓања во литванските и финските бази на податоци.
Едниот од уапсените на границата е државјанин на Србија, другиот има двојно српско-руско државјанство. Според објавеното, едниот од нив се доведува во врска и со подметнат пожар во јули 2024 година во еден градежен маркет во Лоѓ, во Полска.
Германија веќе го именуваше виновникот
Министерот за внатрешни работи Александар Добринт на 1 септември отворено ја обвини Русија, велејќи дека операциите одговараат на „познатите обрасци на руските хибридни операции во Европа“. Москва категорично негира. Тоа веќе е рутина – обвинение, демант, тишина, следен инцидент.
Она што е ново е географијата. Досега приказната за хибридната војна се читаше како нешто што им се случува на Балтикот, на Полска, на Германија. Сега конците водат до гранична точка помеѓу Србија и Унгарија, а тоа е триста километри од Скопје.
Овде е делот што нè засега
Балканот со децении се продава себеси како транзитна зона – место преку кое поминува сè, а никој не прашува многу. Тоа функционира додека стоката е стока. Кога стоката станат дронови со експлозив, транзитната зона престанува да биде неутрална и станува дел од нечија операција.
И тогаш прашањето не е дали некој планирал нешто овде, туку дали воопшто имаме капацитет да го забележиме. Двајцата на границата беа уапсени – тоа е добро. Но колку слични пратки поминале незабележано, низ колку гранични премини, и кој ја води таа сметка?
Досега регионот за своето место во туѓи конфликти дознаваше откако тоа место веќе му беше доделено. Овој пат обвинувањето е кон Москва, апсењето е во Србија, а доказите се во Германија – и никој не праша дали сакаме да бидеме на таа мапа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Двајца Белоруси уапсени во Германија, за еден Украинец европска потерница. Хибридната војна нема фронтова линија - има индустриски зони и...
Прекинот на огнот стапи на сила во 3 часот наутро. Неколку минути подоцна руски балистички проектили полетаа кон Киев. Толку...
Трамп вели дека Зеленски е потежок партнер од Путин. Зад сцената, американските разузнавачи му праќаат на Киев податоци за удари...
Еден мртов, тројца исчезнати, а причината официјално ја нема. Пред него, само во октомври, дронови нападнаа најмалку седум товарни брода...
Безбедносни гаранции и десет години финансирање на војската - тоа е цената на Киев. Путин, пак, не сака краткотрајно примирје,...
Седум морнари исчезнаа по напад со дронови врз танкер кај романскиот брег, а синдикатот вели дека речиси нема надеж. Ако...
Украина ги откри деталите од тајната офанзива кај Лиман: 277 квадратни километри и 16 села, но и повеќе од месец...
Празен танкер, повик за помош во седум наутро и седуммина исчезнати, меѓу кои хрватски офицер. Покрај бреговите на Романија и...
Киев е подготвен да ја замрзне војната на сегашната линија, но не и да ги напушти позициите што ги подготвуваше...
Чувањето опасни патогени само по себе не докажува биолошко оружје. Но во ОН „документите покажуваат“ често е доволно за наслов,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.