Две пријави за еден ден: 80-годишна натепана во својот двор во Теарце, 82-годишник од Велес приведен затоа што ја тепал сопругата со години
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
21.08.2026
20.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
21.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
21.08.2026
20.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
22.08.2026
21.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
21.08.2026
20.08.2026
19.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Народната банка ги објави монетарните податоци за јули и во нив има еден податок што вреди да се задржи: кредитите растат за 13,3 отсто годишно, депозитите за 8,8. Задолжувањето расте побрзо од штедењето, и тоа не од вчера.
Вкупните кредити на недржавниот сектор на крајот на јули достигнале 595,6 милијарди денари. За една година кредитното портфолио на банките е зголемено за повеќе од 73 милијарди денари. Вкупните депозити изнесуваат 673,1 милијарди – повисоки за 8,8 отсто годишно, но пониски за 0,4 отсто во однос на јуни.
Компаниите повлекоа 8,7 милијарди денари за еден месец
Целиот тој месечен пад на депозитите доаѓа од едно место. Корпоративните депозити за само еден месец се намалиле за 4,6 отсто – од 190,4 на 181,7 милијарди денари, односно околу 8,7 милијарди денари. Пад е регистриран и кај денарските и кај девизните.
Во истиот месец, кредитите на компаниите пораснале на речиси 296 милијарди денари, со годишен раст од 14,5 отсто. Најбрзо растат денарските корпоративни кредити – за една година зголемени за 19,6 отсто.
Значи компаниите истовремено ги празнат сметките и се задолжуваат повеќе. Тоа може да значи инвестициски циклус. Може да значи и притисок врз ликвидноста. Податокот сам по себе не кажува кое од двете е – но повлекување од 8,7 милијарди денари во еден месец не е рутина.
Домаќинствата штедат и се задолжуваат во исто време
Кај граѓаните трендот е поинаков и на прв поглед контрадикторен. Депозитите на домаќинствата во јули достигнале 462,4 милијарди денари – раст од 1,6 отсто месечно и 11,1 отсто годишно. За една година заштедите се зголемиле за повеќе од 50 милијарди денари.
Истовремено, кредитите на домаќинствата достигнале 297 милијарди денари, со годишен раст од 12,2 отсто.
Најжешката ставка се станбените кредити: 119 милијарди денари, за 16,6 отсто повеќе од јули лани. Потрошувачките растат за 12,1 отсто. Автомобилските паднале за 0,3 отсто месечно, но годишно се повисоки за 5,6.
Интересно е и она што паѓа: кредитите преку кредитни картички се намалиле за 4 отсто на годишно ниво, а негативните салда на тековните сметки за 5,4 отсто. Скапото краткорочно задолжување се напушта. Долгорочното, врзано за стан на дваесет или триесет години, забрзува.
Што кажува тоа заедно
Станбен кредит што расте 16,6 отсто годишно во земја каде просечната нето-плата паднала на 48.381 денар не е знак дека луѓето станале побогати. Тоа е знак дека цената на становите расте побрзо од платата, па за истиот квадрат треба поголем и подолг долг.
Дел од таа математика ја објаснува и растечкото штедење – домаќинствата собираат учество. Останатото го објаснуваат банките, кои во ваков циклус заработуваат на обете страни од билансот.
Сè додека каматите се стабилни, оваа конструкција држи. Прашањето што никој не сака да го постави е што се случува со 119-те милијарди денари станбени кредити ако тоа престане да важи.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Србија 945 евра, Хрватска 1.500, Словенија 1.630. Кога процентите ќе се преведат во евра, разговорот за раст завршува брзо.
Дел од европскиот индустриски раст го влече одбранбената потрошувачка и превентивното складирање. Тоа денес е нарачка, утре е залиха.
Евростат ги објави бројките за јули: горивото е поскапо во 25 од 27 членки. Два од првите четири највисоки скока...
Истата фирма плати 5,7 милиони за истиот прекршок во 2019 и вети дека ќе го спречи. Седум години подоцна сметката...
Единаесет производители во Кина повлекуваат возила затоа што рачната квака за итен случај е скриена таму каде никој не ја...
Фирмата не барала инвестиција - одборот се состанал, почнале да летаат пораки и два дена подоцна вредела милијарда. Она што...
Државниот завод за ревизија изброја опрема од 21 милион денари што ја нема во книгите, 250 душеци што не одговараат...
Еуросупер поскапе за 4,5, дизелот за 6,5 денари. Акцизата веќе е намалена, ДДВ-то засега не се допира - а РКЕ...
Владата одлучува во вторник за ограничување на маржите на училишниот прибор. Мерката трае до 15 септември, а сметките траат цела...
Секоја трета страница објавена по ChatGPT носи траги дека ја составила машина. На владините и универзитетските адреси таа бројка е...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.