ОБВИНЕТИ И СВЕДОЦИ
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
„Не треба апсолутно никој да се грижи“, порача премиерот Христијан Мицкоски. Пензискиот систем, вели, е стабилен и сигурен. На прашањето дали Владата размислува за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање, одговори кратко: „Барем засега не“.
Изјавата дојде откако Фискалниот совет предупреди на растечки дефицит. Според неговата анализа, кусокот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување достигнал 54,4 милијарди денари, односно 5,2 отсто од БДП. Без сериозни мерки, за десет години дефицитот би стигнал до 6,6 отсто. Советот предлага зголемување на придонесите од 18,8 на 20 отсто, повисока старосна граница за пензионирање за една година, подолго доброволно останување на работа, повисока минимална пензија и крај на ад-хок зголемувањата на пензиите.
Мицкоски вели дека Владата ги разгледува сите препораки, но политиките ги носи според сопствени проценки. Пари, според него, има, само треба да се најдат таму каде што се злоупотребувале. Тврди дека по проверки на терен фактурата за овој месец била 200 милиони денари помала отколку во истиот месец лани, бидејќи меѓу корисниците имало „починати луѓе, отселени луѓе, лажни луѓе“, и дека се откриени повеќе од 4.500 лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност.
Опозицијата црта друга слика. Потпретседателката на СДСМ Јована Тренчевска тврди дека дупката во Пензискиот фонд е „историски една милијарда евра, над 14 отсто од целиот државен буџет“, и дека дефицитот расте и покрај тоа што од 1 јули придонесот е зголемен за еден процентен поен.
Најважната бројка, всушност, ја кажа самиот премиер. Денес има 709.000 регистрирани вработени, а за 15 до 20 години, се плаши тој, би можеле да бидат под 500.000. „Тогаш ќе настанат вистинските проблеми и за пензискиот систем“, рече Мицкоски. Ако системот е стабилен само додека трае, како што рече, „резервоарот од минатото“, колку време навистина имаме – и зошто реформата се одложува токму додека сѐ уште има време за неа?
Најновите 10 вести од оваа категорија
До вчера ниту еден поканет сведок не го потврдил доаѓањето, а 95 проценти од банката одат на аукција. Банката можеби...
Пет понуди по тендер станаа три, а договорите без конкуренција скокнаа од 38 милиони евра во 2021 на 141 милион...
Автопати, железница до Бугарија и пречистителни станици. Добро е што критериумот е изграденото, а не планираното - Кичево - Охрид...
Nvidia вложила во Decart при вреднување од 4 милијарди долари, а сега го гледа како заминува кај Amazon за речиси...
Поранешен инженер од Apple гради ВИ-асистент што ги шифрира твоите податоци толку добро што ни самата компанија не може да...
Над 43 отсто од новите песни на Tidal ги создала машина, а 96 отсто од целосно ВИ-песните немаат ниту едно...
Министерот вели дека ништо не се укинува, само член се сели од еден закон во друг. Премиерот во исти денови...
Пред регулаторот се нови барања за поскапување на греењето, а се најавува раст и на струјата. ЛДП бара безусловна гаранција,...
Европа воведува заеднички плафон за готовина против перењето пари. Македонскиот закон уште од јануари 2025 бара сѐ од 1.000 евра...
Пред две недели замина поради врска со жена осомничена за шпионажа за Кина. Денес е назад, со поддршка од Белата...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.