Skip to content

Прилеп издвои над милион денари за најдобрите ученици: награда дома пред аеродром во странство

1 мин. читање
Сподели
Прилеп издвои над милион денари за најдобрите ученици: награда дома пред аеродром во странство

Во време кога вестите за младите најчесто се за иселување, од Прилеп доаѓа поинаква приказна. Општината издвои над еден милион денари за награди на најуспешните ученици – оние што се истакнале на државни и меѓународни натпревари, како и првенците на генерацијата.

Наградите се степенувани: за државни натпревари износите се движат од 5.000 до 7.000 денари, а за меѓународни од 7.500 до 9.000 денари. Свеченоста се одржа во паркот кај Споменикот на непобедените, а градоначалникот Дејан Проданоски ги нарече младите „амбасадори на знаењето” и порача дека нивните успеси се најсветлата иднина на градот.

Вакви гестови вредат повеќе од што изгледаат на хартија. Износите не се огромни, но пораката е важна – дека трудот на еден ученик се забележува и се цени дома, а не само кога ќе замине во странство. Прашањето што останува за сите наши општини е едноставно: дали наградата ќе биде само еден ден на фотографирање, или почеток на сериозна политика што ги задржува паметните глави тука, наместо да ги испраќа на аеродром?