Skip to content

Реал повторно по Мурињо: Перез ги отвора вратите, тренерот бара кралски услови

1 мин. читање
Сподели

Реал Мадрид повторно се враќа на старата љубов. Според Sky Germany, шпанскиот гигант директно го контактирал Жозе Мурињо со понуда да го преземе тренерскиот штаб – по 13 години од последното збогување.

Португалецот е отворен за враќањето на „Сантјаго Бернабеу”, каде помеѓу 2010 и 2013 година освои три трофеи. Но како и обично кога во играта е Мурињо, цената не се мери само во евра. Тој бара целосна контрола – врз тимот, врз трансферите, врз сè.

Главниот навивач на овој потег во клубот е Флорентино Перез. Се поставува прашањето дали претседателот на Реал ќе ги прифати барањата на 63-годишниот тренер, бидејќи Мурињо историски не е човек кој се менаџира – тој менаџира.

Реал во моментов е во криза каква што не запомнала „Кралската куќа”. Сезоната веројатно ќе заврши без трофеј, а минатата недела на тренинг се степаа Орелијан Чуамени и Федерико Валверде. Урагваецот заврши во болница со „трауматска повреда на мозокот”, како што официјално соопшти клубот. Двајцата играчи се под дисциплинска постапка.

Мурињо моментално работи во Бенфика, која е непоразена во портогалската лига, но девет поени зад Порто. Договорот му трае до 2027 година, но клаузулата за откуп е само три милиони евра – симболична сума за клуб со буџет како Реал.

Прашањето не е дали Мадрид може да го врати Мурињо. Прашањето е – дали Перез може да живее со него втор пат.