Skip to content

Широк Сокак добива нови пешачки семафори, плоштадот станува пешачка зона

1 мин. читање
Сподели
Широк Сокак добива нови пешачки семафори, плоштадот станува пешачка зона

Битола добива нови пешачки семафори на Широк Сокак – на крстосницата кај плоштадот „Гоце Делчев” и кај Камен Мост. Работите се изведуваат ноќе, за да не се попречува дневниот сообраќај, а целта е поголема безбедност, особено во летните месеци кога центарот е најполн.

Семафорите се поставуваат на крстосниците со улиците „Димитар Илиоски Мурато” и „Солунска”, а проектот го подготви јавното претпријатие за урбанизам на градот. Покрај семафорите кај Камен Мост, во план е и поголема промена: плоштадот „Гоце Делчев”, кој сега се користи за паркинг, да стане пешачка зона.

Пред тоа, општината најавува граѓански форум на кој битолчани ќе можат да кажат како сакаат да изгледа уреден плоштадот. Тоа е, барем на хартија, добар модел – да се праша градот пред да се истури бетонот, а не откако ќе биде доцна. Прашањето е само дали форумот навистина ќе влијае на одлуката, или служи за да се каже дека било прашано. Битолчани, како и сите граѓани, веќе знаат дека некои „консултации” се одржуваат само за фотографијата. Овој пат, ќе видиме.