Такси-возачите во Скопје пред протест: диви таксиметри и возачи без лиценци
18.06.2026
18.06.2026
18.06.2026
18.06.2026
18.06.2026
18.06.2026
18.06.2026
18.06.2026
17.06.2026
17.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Од 31 октомври до 2 ноември, Скопје повторно пулсираше во ритамот на иновациите и претприемништвото. Најголемиот стартап настан во земјата – Startup Weekend Skopje 2025, по осми пат по ред, собра повеќе од 45 учесници и 8 тимови – млади иноватори, програмери и претприемачи со заедничка цел: да создадат современи Fintech решенија што го менуваат начинот на кој ги доживуваме финансиските услуги.
Оваа година, темата беше насочена кон растечкиот Fintech сектор – синергија на финансии и технологија која овозможува поедноставно, побезбедно и поефикасно управување со финансии.
Од првите презентации во петок, па сè до финалните излагања во недела, енергијата, љубопитноста и желбата за успех беа неверојатни.
Fintech трендовите имаат потенцијал да создадат иновативни алатки што го менуваат начинот на кој размислуваме за финансиите. Со употреба на вештачка интелигенција, автоматизација и биометриски решенија, fintech ги поставува новите стандарди на модерните финансиски услуги.
На Startup Weekend-от, учесниците го користеа овој потенцијал преку развој на апликации за паметно буџетирање, автоматизација на трансакции и интеграција на одржливи практики.
Во текот на повеќе од 54 часа, идеите прераснаа во прототипи, а предизвиците се претворија во можности. Секој тим покажа што може да се постигне кога идеите ќе се спојат со тимска работа и кога заедницата верува во создавање нешто поголемо.
Настанот беше реализиран со поддршка од ProCredit Bank Macedonia и Mastercard, кои веќе трета година по ред ја поддржуваат fintech патеката и вложуваат во новата генерација иноватори.
Дополнително, 17 ментори од сферата на fintech, финансии и претприемништво им помагаа на учесниците да ги обликуваат своите идеи и да ги претворат во функционални решенија.
Жирито, составено од Ана Николова (ProCredit Bank Macedonia), Јасен Димитров (Mastercard), Катерина Бошевска (EOS Matrix Macedonia), Филомена Пљаковска-Аспровска (CaSys) и Сашка Костовска-Длака (Input dooel), ги оцени идеите според нивниот иновативен пристап, општествен импакт и пазарен потенцијал.
1. место – Edu Pari
Апликација што преку забавен и адаптиран метод ја зголемува финансиската писменост кај различни возрасни групи. Edu Pari им помага на луѓето да донесуваат паметни и информирани финансиски одлуки – нешто особено важно во време на чести измами и лошо менаџирање со пари.
2. место – DebtNet
Решение за наплата без директни плаќања, преку повеќестрани компензации. DebtNet ги олеснува финансиските односи и ги намалува проблемите со побарувања – практично и паметно решение за компании и поединци.
3. место – Jointly
Нов fintech концепт за парови, кој нуди дигитално искуство за градење финансиска доверба и транспарентност. Jointly им овозможува на паровите да започнат заеднички живот со поголема сигурност и транспарентност.
Startup Weekend Skopje 2025 уште еднаш покажа дека кога се спојуваат енергија, идеи и технологија, се создава нешто навистина вредно.
Честитки до сите учесници за нивната креативност, храброст и иновативен дух – и со надеж дека овие идеи ќе продолжат да растат и да се претворат во одржливи fintech бизниси кои ќе ја обликуваат иднината на финансискиот екосистем во Македонија.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Accenture, Samsung, Oracle, Siemens - сите на иста листа. А пробивот не дојде преку генијалност, туку преку лозинки што со...
Чиповите поскапеа четири пати поради гладта на вештачката интелигенција за хардвер, а сметката стигнува онаму каде што секогаш стигнува -...
Додека фирмите лепат ВИ на секој производ, корисниците бегаат. Анкетата открива дека интернетот сè повеќе се пишува за машини, а...
Маск плати речиси двојна цена за Cursor за да ја спаси распаднатата xAI. Кога едно купување од 60 милијарди изгледа...
Сè уште е најголем со 1,1 милијарда корисници, но уделот падна на 46 проценти. Кога бесплатниот алат почнува да наплатува...
Стармер гласно кажува дека мрежите се дизајнирани да предизвикаат зависност. Но како се проверува возраста без секој да предаде скен...
Мердок не купува содржина - купува контрола над тоа што се појавува на екранот пред да притиснеме копче. Истата логика...
Корисничката поддршка е едно од првите работни места што индустријата отворено сака да го предаде на машина - а сметката...
На едната страна работник што добива отказ поради ВИ, на другата основач што станува милијардер за еден ден на берза....
Купување од 2 милијарди долари се распаѓа не поради пазарот, туку поради наредба од Кина. Кога суперсилите се борат за...