Лихварска група во Куманово работела пет години – паднала дури кога еден граѓанин се охрабрил да пријави
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На територијата на Националниот парк „Шар Планина“ е регистриран висок ризик од појава на лавини, особено во повисоките делови на планината над 1.700 метри надморска височина, информираат од управата на паркот. Надлежните апелираат до посетителите да бидат исклучително претпазливи и да избегнуваат движење во потенцијално опасни лавински зони.
Екипа на Националниот парк „Шар Планина“ извршила теренска проверка по добиена дојава од операторот за слободно скијање со ратраци „Ескимо спорт“, за појава на лавина на подрачјето на паркот.
Претходно, тимот на операторот спровел пребарување на лавинскиот терен со специјализирана лавинска опрема, при што било утврдено дека во лавината нема затрупани лица кои носеле лавински уреди. До овој момент нема пријави за исчезнати лица.
„За среќа, настанот помина без човечки жртви“, соопштија од Националниот парк.
Според стручната анализа спроведена на терен, утврден е висок степен на нестабилност на снежната покривка. Лавинската опасност е оценета со степен четири, според европската скала за проценка на лавински ризик, што претставува сериозна закана за безбедноста на планинарите, скијачите и другите посетители.
Зголемената опасност е резултат на комбинација од специфични временски услови во изминатите денови, вклучувајќи:
промени во температурата на воздухот,
силен и променлив ветер,
интензивни снежни врнежи,
како и релјефните карактеристики на планинскиот терен.
Од Националниот парк „Шар Планина“ апелираат посетителите:
да избегнуваат движење во потенцијални лавински зони,
да не се движат во повисоките делови на планината без придружба на квалификувани и стручно обучени лица,
навремено и точно да ја пријавуваат својата посета преку официјалната веб-страница на паркот.
„Нашите стручни служби, во соработка со туристичките оператори и експертите за лавини, континуирано ја следат состојбата на теренот и лавинската опасност“, велат од управата на паркот.
Надлежните повторно потенцираат дека безбедноста на посетителите е приоритет и повикуваат на одговорно однесување во услови на зголемен природен ризик.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Анализа за машка плодност во Битола не се прави од пред шест години. Паровите патуваат во Охрид и Прилеп или...
Податоците ги објави самиот Коњановски, откако советниците побараа седница. Во објавата барањето го нарече и ширење страв.
Млади од шест општини дојдоа со детални предлози. Од соопштението на Општината дознаваме дека планот постои, но не и што...
Мерката важи за прв дом до 120 квадрати, за парови и самохрани родители до 40 години. За младите што бараат...
Средногодишниот просек паднал за половина, но ниту една од скопските мерни станици во извештајот не е под законскиот максимум. ИЈЗ...
Врело на Матка е најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Признанието е заслужено, но рекордот носи и обврска...
Од 9 до 16 ноември: топол јужен ветер со удари до 70 километри на час, дожд и можна прашина од...
Пред само 14 месеци српската Алта банка доби дозвола да ја преземе Стопанска банка Битола. Денес матичната банка во Србија...
Македонските железници се соочуваат со сериозна финансиска и инфраструктурна криза, додека државата продолжува да троши десетици милиони евра за проекти...
Помалку од една дланка. Толку останува меѓу денешниот водостој на Охридското Езеро и границата под која не смее да падне.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.