140 милиони денари незаконски наплатени( меѓу народот познато украдени )
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
24.11.2026
24.11.2026
23.11.2026
23.11.2026
26.11.2026
25.11.2026
25.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Четворица починати, 38 потврдени случаи од почетокот на годината. Тројца од умрените си отишле само во последната недела. Министерството за здравство ги соопшти бројките во среда, а тие се доволно јасни за да не бараат ниту едно дополнително објаснување: вирусот на Западен Нил е тука, се шири, и веќе не е егзотична дијагноза од учебник.
Дванаесет нови случаи за седум дена. Сите заболени завршиле во болница, а најголемиот дел од нив се од скопскиот регион. Меѓу заразените има 28 мажи и 10 жени, а дури 33 се постари од 60 години – што значи дека ударот го трпат токму оние на кои телото најмалку им простува.
Бројката што ја кажува целата приказна
Од 2011 до 2025 година, во врвот на комарската сезона, кај нас се бележеле помалку од еден случај неделно. Сега се дванаесет. Тоа не е статистичко отстапување, тоа е промена на редот на големина. И додека таа промена се случуваше, никој не подигна тон.
Вирусот го пренесуваат комарците, а Светската здравствена организација потсетува дека кај околу еден од 150 заразени се развиваат тешки компликации кои можат да бидат смртоносни. Останатите поминуваат со симптоми што личат на обичен летен вирус – што е токму причината зошто вистинската бројка на заразени речиси сигурно е поголема од онаа што ја гледаме на хартија.
Не сме сами, но тоа не е утеха
Новите случаи доаѓаат по предупредувањата на СЗО дека потоплите температури им одговараат и на комарците и на вирусот низ цела Европа. Бројките растат и во Грција и во Италија ова лето. Соседна Србија, според епидемиолошки податоци пренесени во тамошниот печат, годинава има до шест случаи.
Значи: Македонија со 38 случаи и четворица починати, Србија со шест. Разликата е преголема за да се објасни само со клима. Некој ги брои комарците, некој ги прска мочуриштата, некој ја крева тревогата навреме – или не.
Министерството соопшти дека ги засилило информирањето и мерките за заштита во засегнатите подрачја и дека се спроведуваат акции за уништување комарци. Прашањето што останува не е дали ќе се прска, туку зошто прскањето и предупредувањето доаѓаат откако веќе имаме четири ковчези, а не во мај кога сезоната тукушто почнуваше.
Најновите 10 вести од оваа категорија
По откривањето на незаконската наплата на 140 милиони денари, неопходно е да се спроведе детална контрола на сите финансиски друштва...
Македонија подготвува нова Национална стратегија за развој на туризмот за периодот 2027–2032 година. Повторно се зборува за рамномерен регионален развој,...
Додека демонстрантите истураа земја пред Министерството, министерот Тошковски потсетуваше дека седум фемициди имало и во времето на неговите претходници. Тоа...
Пред специјалниот известувач на ОН во Женева, Стерјовски предупреди дека Бугарија ја користи својата позиција во ЕУ за да им...
Градот Скопје ветува нови скриени станови за жртвите, министерот ветува боди-камери за сите униформирани полицајци. Сѐ беше најавено на панел...
Општина Битола бара уметници за новогодишната програма, но не кажува колку пари има. Комисијата на градоначалникот, пак, може да ангажира...
37 милиони денари, 400 квадратни метри и простор за уште стотина ученици. На отворањето имаше премиер, министерка и градоначалник.
Пораката тврди дека дел од функциите на платежната сметка не се достапни и бара „ажурирање“ преку линк. Логото на банката...
Кругот на живи дарители е проширен до четврто роднинско колено. Остатокот од новиот закон, засега, чека подзаконски акти.
На надзорната расправа за Алта банка во македонското Собрание, како сведок беше повикан Трифун Костовски, поранешниот главен акционер на пропаднатата...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.