Skip to content

ДОДЕКА НАРОДОТ ПЛАЌА-ПОВТОРНО ПЛАНИРААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

1 мин. читање
Сподели

Македонија со години живее во енергетски систем во кој секој проблем завршува на грбот на народот. Кога има загуби – народот плаќа. Кога има увоз на струја – народот плаќа. Кога има промашени политики – повторно народот плаќа. Но, никој не кажува каде точно исчезнуваат милионите евра и зошто чесните граѓани мора да ги покриваат туѓите долгови и хаосот во системот.

Најголемиот скандал е што државата и институциите со години зборуваат за „загуби“, а никој јавно не кажува каде се тие загуби. Во кои градови? Во кои трафостаници? Во кои делови од мрежата? Колку се технички, а колку се последица на кражби и неплаќање? Не може цела држава да плаќа милиони евра врз основа на паушални проценти без ниту една детална анализа достапна за јавноста.

Ако некој не плаќа струја – тогаш мора да се каже кој е тој. Не може граѓаните кои редовно ги плаќаат сметките да финансираат систем во кој некој троши, а друг плаќа. Тоа не е социјална политика, туку неправда кон сите што чесно ги сервисираат обврските.

Дополнително, Македонија нема ниту јасна анализа колку струја се троши по тарифни групи. Колку трошат домаќинствата? Колку индустријата? Колку големите потрошувачи? Колку се субвенционира? Без овие податоци, секоја приказна за „реална цена“ е само манипулација со јавноста.

И додека граѓаните слушаат дека „нема пари“ и дека „мора да има поскапување“, бројките покажуваат нешто сосема друго. EVN за 2024 година прикажала чист профит од околу 63 милиони евра, а за 2025 година околу 24.6 милиони евра. Тоа се десетици милиони евра заработени во систем кој постојано бара нов товар врз народот. Или околу 90 милиони евра за две години.

Загубите во Македонија се најголеми од бившите ЈУ републики и изнесуваат 14,1%, а во Словенија 4 до 5% или ние имаме 60% поголеми загуби.

Посебна тема се малите хидроцентрали дадени на користење на EVN, а изградени во бивша југославија. Под кои услови се дадени? Колкав профит носат? Колкав е бенефитот за државата? Колку Македонија заработува од природните ресурси што им се отстапени? Граѓаните имаат право да знаат дали националните богатства се користат во интерес на државата или само за приватен профит.

Дополнително државата има 10% удел во ЕВН , а нема ниту еднаш направено ревизија , во 20 години.

Затоа, пред било какво ново покачување на цената на струјата, Македонија мора да добие:

  • целосна мапа на загубите во мрежата,
  • анализа по тарифни групи,
  • објавување на условите за користење на малите хидроцентрали,
  • и независна ревизија на работењето на EVN.

Без тоа, секое ново поскапување ќе значи само едно – народот повторно плаќа за туѓи грешки, загуби и нетранспарентност.