Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Европа се соочува со сериозна закана – некои од најпознатите и најубави плажи на континентот би можеле да исчезнат во следните сто години, предупредува Европската агенција за животна средина (EEA). Според податоците, нивото на морето расте со забрзано темпо, по 3,7 милиметри годишно меѓу 2006 и 2018 година – повеќе од двојно од просекот во 20 век, пренесува „Јуроњуз“.
Доколку емисиите на штетни гасови не се намалат, нивото на морето до 2100 година би можело да порасне меѓу 63 сантиметри и еден метар, а во најлошото сценарио, со забрзано топење на поларните ледени капи, до 2150 година може да достигне и пет метри.
Најзагрозен дел од европското крајбрежје е островот Свети Стефан во Црна Гора, каде научниците предвидуваат повлекување на брегот за повеќе од 200 метри до крајот на векот. По него следуваат Порто Џунко на Сардинија (107 метри) и Бенагил во Португалија (70 метри). На листата се и плажите на норвешкиот остров Верој (58 м), Ким Беј во Ирска (40 м), Рејнисфјара во Исланд (35 м), Мариније во Франција (35 м), како и Пасјача во Хрватска, која би можела целосно да исчезне до 2100 година.
Последните две загрозени зони се бреговите на Корнвол во Англија и делот меѓу Ница и Кан во Франција, со предвидена ерозија од 30 до 28 метри.
Професорот Џорџо Будијон од Универзитетот во Неапол нагласува дека дел од овој процес е неповратен, бидејќи климатскиот систем има „инерција“ што го продолжува топењето на мразот и термичкото ширење на океаните.
„Предупредувањата за исчезнување на плажите не шират паника, туку реална слика за иднината без решителна акција,“ вели Будијон. „Решението лежи во обновување на мочуриштата, заштита на подводната вегетација и контролирано полнење на плажите.“
Најновите 10 вести од оваа категорија
Бројот на деца родени во Австрија, но без австриско државјанство, се зголемува, а според податоците за 2024 година, тие ќе...
МакедонијаСлајдер Граѓани од Македонија и Србија ѝ должат над 2,5 милиони евра на Општина Ќустендил Градоначалникот на Ќустендил објаснил дека...
Брутална пресметка меѓу две групи иселеници, Македонци и Албанци, ја вознемири јавноста во италијанскиот град Перуџа. Инцидентот, кој започнал во...
Полска привремено ги затвори аеродромите во Жешов и Лублин откако нејзините вооружени сили подигнаа борбени авиони како одговор на интензивните...
Земјоделците кои протестираат против доцнењето на субвенциите од Европската Унија и други прашања продолжија да ги блокираат патиштата низ Грција...
Полски воени авиони пресретнаа руски извидувачки авион што летал во близина на полскиот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти полската...
Авионот во кој се наоѓаше началникот на Генералштабот на либиската армија исчезна од радарот над Анкара по барање за итно...
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава и воспоставија дипломатски односи меѓу двете земји. Информацијата ја...
Хрватскиот државен инспекторат донесе итна одлука за повлекување од пазарот на бебешката формула „Аптамил АР1“ (Aptamil AR1), поради зголемено присуство...
Советот на Европската Унија се обиде да го покрене прашањето за членство на косово, но земјите што не ја признаваат...