Skip to content

ЕУ воведе бесплатен рачен багаж: крај на скриените трошоци кај авиобилетите

1 мин. читање
Сподели
ЕУ воведе бесплатен рачен багаж: крај на скриените трошоци кај авиобилетите

Европскиот совет и Европскиот парламент се договорија за нови правила што треба да стават крај на еден од најомразените трикови на авиокомпаниите – скриените трошоци. Најважната промена за патниците: бесплатен рачен багаж станува стандард, а се зајакнуваат и правата на обештетување при доцнење.

За секого што барем еднаш купил „евтин” авиобилет, па потоа платил повеќе за куферот отколку за летот, ова е добра вест. Идејата е да се елиминираат токму тие скриени доплати што ја претвораа почетната цена во маркетиншка измама – привлечен број на екранот, сосема друга сума на крајот.

Правилата важат за летовите во рамки на Европската унија, што значи дека директно ги засегаат и патниците од нашиот регион кои летаат кон и низ ЕУ. Зголемените обврски за обештетување при доцнење исто така ја прехвораат рамнотежата малку во корист на патникот – барем на хартија.

Зашто и тука важи балканската скепса: правило на хартија е едно, спроведување е друго. Авиокомпаниите се мајстори во наоѓање нови начини да наплатат – ако не за багажот, тогаш за избор на седиште, за приоритетно влегување, за нешто. Добро е што ЕУ повлекува линија; прашањето е колку време ќе им треба на компаниите да најдат нова дупка. Дотогаш, барем рачниот куфер патува бесплатно.