Снимката ги најде за еден ден: двајца малолетници и 20-годишник осомничени за суровото тепање во Гостивар
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
03.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Германскиот DeepL, една од ретките европски технолошки приказни што успеа да се избори со американските гиганти на полето на преводот, го купи американскиот стартап Mixhalo – компанија специјализирана за пренос на аудио во живо. Зделка што на прв поглед звучи нишко-техничка, но всушност открива каде се движи целата индустрија.
Mixhalo е основан во 2016 година, а меѓу основачите се и музичари – гитаристот на Incubus, Мајк Ајнзингер, и виолинистката Ен Мари Симпсон-Ајнзингер, заедно со сегашниот извршен директор Вик Синг. Првично замислен да го подобри доживувањето на концерти, стартапот прерасна во платформа за аудио во живо на спортски и други настани и собра преку 39 милиони долари од инвеститори.
Поентата на купувањето е едноставна: на конференции говорниците често зборуваат на јазик што половина сала не го разбира, па луѓето се потпираат на апликации за превод. DeepL веќе беше главниот преведувачки партнер на Mixhalo, а сега ги спојува двете технологии за да нуди превод во живо директно на настани. „Разговорот со DeepL беше многу органски”, рече Синг, опишувајќи како седнал до техничкиот директор на DeepL на една вечера со клиенти и сфатиле дека работат на исто.
DeepL веќе одамна не е само алатка за превод на текст – во 2024 година пушти претворање говор во текст на над 33 јазици, а во април 2026 и превод од говор во говор. Извршниот директор Јарек Кутиловски најави и отворање канцеларија во Сан Франциско за ширење на американскиот пазар. Балканот тука има директен интерес: ако европска компанија води во преводот во живо, тоа е една од ретките области каде што нашиот регион – со своите шест јазици на едно мало парче – би можел да добие технологија скроена за реалност блиска на неговата, а не за американската.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Наместо да купува земја покрај мрежата, фирмата ја става батеријата кај клиентот и потоа ја продава неговата струја. Претплата од...
Фирма чиј бизнис се потпира врз луѓе што возат сопствени автомобили сега гради платформа во која човекот е само една...
Пари за млади основачи има повеќе од кога било. Простување за грешки - нема воопшто, а секој погрешен чекор се...
Две истражувања мапираа како се создава измамата во технолошките фирми. Заклучокот не е дека основачите се лоши луѓе, туку дека...
Стартап што собрал 29 милиони се продава за 200. Пазарот повеќе не расте поради нови корисници, туку поради машини што...
Pangram продава уверување дека знае што напишала машина. Технологијата работи подобро отколку што очекувате - а сепак таа една грешка...
Runlayer тврди дека Rippling ја користела пробата за да изгради истиот производ. Замката во која седи секој што продава ВИ...
Лабораторија што постои помалку од година пушта 100 робота на интернет за да види како луѓето сакаат да им зборуваат....
Над 80 отсто од целиот лондонски рисков капитал влезе во една категорија. А во источен Лондон, група основачи води дневник...
Договори до 50 милиони, проекции од 75 милиони - и ситен печат во кој самата компанија пишува дека тоа не...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.