Skip to content

Малолетници го уништија игралиштето „Патрик“ во Аеродром: каде се сите ние во таа приказна?

1 мин. читање
Сподели
Малолетници го уништија игралиштето „Патрик“ во Аеродром: каде се сите ние во таа приказна?

Малолетници го вандализирале детското игралиште „Патрик” во скопската општина Аеродром, нанесувајќи штета од неколку илјади евра. Сцената била снимена и споделена на општествените мрежи, а општината го затворила игралиштето поради безбедност.

Градоначалникот Дејан Митески излезе на терен и порача дека „ваквото однесување не смее да остане неказнето, бидејќи станува збор за намерно уништување на јавен имот”. Случајот е пријавен во полиција, а општината вети дека ќе ја поправи штетата и ќе ја замени опремата што е можно поскоро. Беше заблагодарен и граѓанинот Никола Поповиќ, кој спречил понатамошно уништување.

Лесно е целата приказна да се сведе на „денешната младина”. Но игралиште уништено за неколку илјади евра не е само проблем на неколку деца со здодевно попладне – тоа е и прашање каде се родителите, што прават училиштата и зошто во цели населби нема ништо друго за младите освен да се досадуваат.