Skip to content

Газда на македонски ресторан пренесен во болница откако избил пожар во неговиот угостителски објект

0 мин. читање
Сподели

На 24.10.2025 во 17:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во охридското село Пештани, сопственост на А.П.(44) од истото село.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и од сопственикот, кој вдишал чад и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување помош.

Увид изврши екипа од СВР Охрид.