Skip to content

Загинатиот велосипедист е Јорго Ќуќа поранешен директор на Охис

0 мин. читање
Сподели

velo

Возачот фатен откако избегал од местото на трагедијата

Загинатиот велосипедист кој денеска настрада во Скопје е Јорго Ќуќа поранешен директор на Охис.

Ќука беше тешко повреден а подоцна починал по сообраќајна несреќа што попладнево се случи на булеварот „Илинден“ во Скопје.

Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил удрил во велосипед управуван од машко лице.

Лицето кое го згазил познатиот стопанственик Ќука е фатено од полицијата откако претходно го напуштило местото на трагедијата.

Ќука беше долгогодишен директор на гигантот Охис.