Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Добрата вест прва: најголемиот дел од плажите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро оваа сезона се безбедни за капење. Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје не потврдува масовно труење ниту пестициди над дозволените вредности во анализираните примероци. Значи – можете да се капете.
Лошата вест доаѓа веднаш потоа, и таа е постара од секое лето: старите проблеми со загадувањето не само што не се решени, туку на некои места остануваат сериозна закана. Фекални води, септички јами, неисправна канализација, пестициди. Истите зборови, ист извештај, речиси иста содржина – година по година.
Радожда – таму каде септичките јами се празнат во езерото
Најтешката слика доаѓа од Охридското Езеро, макар што водата генерално ги исполнува законските критериуми. ИЈЗ наведува дека голем број хотели, ресторани, туристички населби и приватни куќи покрај крајбрежјето сè уште не се приклучени на колекторскиот систем. Наместо на пречистување, отпадните води завршуваат во септички јами – а на некои места и директно во езерото.
Особено загрижува Радожда, каде дел од септичките јами се празнат директно во езерската вода или се толку блиску до брегот што нивната содржина понира во езерото. Кај Свети Наум, канализацискиот систем изграден пред повеќе од десет години има само дробилка за фекалии – без филтри, без хлорирање пред испустот.
Реките се петта класа
Многу полоша е состојбата во реките што се влеваат во езерото. Черава, Сатеска, Коселска и Велгошка се класифицирани во петта класа – најлошата – и по физичко-хемиските и по микробиолошките параметри, што е влошување во споредба со лани. Езерото засега издржува само благодарение на својата огромна водна маса и способноста за самопрочистување. Но природата не е замена за канализација.
И тука доаѓа тајмингот што кажува сè. Извештајот е објавен само неколку дена пред Комитетот за светско наследство на УНЕСКО повторно да одлучува дали Охридскиот Регион ќе заврши на Листата во опасност. Препораките на ИЈЗ – да се стави колекторот целосно во функција, да се приклучат сите објекти, да се следи водата постојано – се повторуваат со години. Што значи дека проблемот не е во тоа што не се знае решението. Проблемот е што решението никој со години не го спроведува.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.